Македонија
10. July 2023 - 12:31

Повторно одложено судењето за родилката Веаповска

Одложен судскиот процес за родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска, која при породување во 2020 остана без бубрег, матка и јајник. Денеска требаше да продолжи со сослушување на доктор но поради користење на годишен одмор тој не се појави во Основниот суд во Струга. Веапоска видно вознемирена најави дека додека е жива нема да се откаже од правдата иако не верува во судот.

Судскиот процес ќе го води трет судија поради тоа што двајцата претходни одат во пензија.

Инаку следното рочиште од процесот кој се води против тројца лекари се одложи на неопределено.