Полни раце работа за планинарска спасителна служба во Охрид
Раздвижувањето на градот со туристи ги зголеми и интервенциите на планинарската спасителна служба. За само еден месец интервенирале во 3 посериозни случаеви и тоа при пад од атв возило односно четирицикл кои се се повеќе барани од страна на посетителите за уживање во природа, кај дезориентирани рекреативци но и кај локалци кои береле плодови и се соочиле со одредени проблеми а имале и околу триесетина повици.
Спасителите апелираат до љубителите на планината да бидат внимателни да ги почитуваат условите и соодветно да се припремат со вода, храна и телефон со полна батерија.
Надлежните со препорака граѓаните кога одат на планина да ги знаат телефонските броеви на кои ќе можат да повикаат помош доколку има потреба од тоа.
Планинарската спасителна служба располага со доволно ресурси и едуциран кадар за решавање на сите комплексни ситуации.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
