Македонија
7. July 2023 - 16:31

Ахмети: Со клевети не може да се урне партија која се родила на фронт

Обвинувањата за сериозен криминал во ДУИ, лидерот Ахмети се обиде да ги претвори во предизборна кампања. Вели, нападите кои на нивна адреса секојдневно ги испраќа ВМРО-ДПМНЕ се само обични клевети, а како што рече, со клевети не се руши партија која се родила со крв на фронтот

„Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ не владее со државата затоа што премиерот бил премиер на ДУИ, затоа што владее Артан Груби, владее Бујар Османи или Бугар Османи, како што рекоа. Ако се сеќавате, сè што се случи со случајот ‘Диво Насеље’, ‘Монструм’, случајот ‘Алфа’, страшни напади беа фрлени врз нас, иако воопшто не знаевме, туку целта беше да се оштетат организациските супстанци, основачите во оваа држава, бидејќи ДУИ е структура која не е родена во салони, не е родена на ТВ-екрани, ДУИ се роди од фронт, се роди од ОНА, се роди од крвта, од потта, од сите оние луѓе што настрадаа во затворите што ги измивме со крв од Гевгелија до Јесениќ, така да залудно се обидите преку лаги, преку клевети, да го уништат ДУИ. Никогаш тоа нема да го доживеат ниту да го видат, затоа што им ја сушиме плунката на усните“ – рече Ахмети

Но опозицијата не е единствената која што прстот го вперува во Мала Речица. Пред крајот на минатиот месец американскиот стејт дпартмент беше институцијата која јавно покажа кон Мерко, обвинувајќи го за сериозен криминал и мешање во судски одлуки. На овие обвинувања, Ахмети одговара со барање за истрага иако токму Мерко е функционерот за кој кривичните пријави со години фаќаат прашина во обвинителските фиоки во моментов контролирани од обвинител за кој опозицијата со слики тврди дека токму семејството Ахмети му седи на главата.
На помалку од една година пред локалните избори и откако сам го згази правилото победник со победник, Ахмети вчера од Чаир уште еднаш порача дека ако ДУИ не биде во власта, државата нема да биде стабилна.

Од локалните избори до денеска ДУИ постојано се соочува со проблеми на политичката сцена. Два пати во една година ги загуби изборите во Тетово, прв пат во историјата е опозиција во Скопје, а веќе втор мандат нема градоначалник во Гостивар. По расколот и фракционирањето на огнената Група, интегративците останаа и без Чаир и Сарај.
Истовремено, во јавноста беа објавени информации дека синот и внуците на Ахмети на чуден начин добивале тендери, концесии и државна помош, а според последните информации и огромен лускузен деловен простор во трговскиот центар соравија.