Македонија
5. July 2023 - 12:31
Угостителските објекти во Вевчани со зелен сертификат
Се сертифицираат зелените бизниси во Вевчани се со цел подобар развој на одржливиот туризам но и поголема вклученост на локалните производители. Туристичко угостителските објекти ќе нудат еко услуги во своите понуди, домашна храна од тоа поднебје за посетителите.
Преку програмата за зачувување на природата се дава можност да заживее локалната економија а воедно и да се подигне јавната свест за зачувување на природата.
Инаку Вевчани сместено под падините на Јабланица со својата природна убавина ,старата градба ,вевчанските извори е привлечна дестинација за туристите во текот на целата година.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
