Македонија
2. July 2023 - 16:31

Не се реализира проектот за соларни бродови во Охридското Езеро

Идејата за соларни бродови во водите на Охридското Езеро се провлекува години наназад и никако да се реализира. Иако на тој начин пловилата би претставувале атракција за посетителите кои ќе можат од еден поинаков агол да уживаат во охридско-струшкото крајбрежје, а воедно и да се заштити природата, од сето тоа се уште ништо.

Во период кога езерото е под будното око на УНЕСКО и му се заканува да биде ставено на листата за загрозено светско наследство, надлежните најавуваат дека соларните бродови, би го развиле водениот сообраќај заштитувајќи го еко-системот.

Ваквите пловни објекти би биле особено значајни за заштитеното подрачје како Охрид, со оглед на тоа што нема никакви штетни последици врз животната средина.