Македонија
29. јуни 2023 - 12:28

Дрвокрадците во Охрид не мируваат, на мета се и приватни имоти

Дрвокрадците не мируваат, секојдневно оперираат и ги пустошат шумите. Охриѓанецот Ацо Климоски се жали дека во планинското село Свиништа каде има имот бесправно исечени му се околу 100тина кубици дрва. Тој обвинува дека станува збор за организирана група на крадци кои со камиони и возила крадат дрва за препродажба.

Охриѓанецот вели дека ова се случува во континуитет години наназад а овој случај го пријавил до надлежните институции но се уште нема одговор.

Климоски бара надлежните итно да го решат овој проблем и посочува дека во планинското село Свиништа и соседите се жалат од дрвокрадците кои со полна пареа ја уништуваат шумата за остварување на личен профит.