Мерко откажа настан и не се појави пред јавноста
Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко и денес недостапен за медиумите И покрај нашите обиди да го добиеме неговиот став по назначувањето на црната листа на Стејт Депармантот поради вмешаност во значителна корупција не одговараше на телефонските повици.
Дел од граѓаните на Струга кои ги анкетиравме велат дека секој треба да одговара за она што го направил а имаше и такви кои не слушнале за тоа и не сакаа да коментираат.
Настанот пак Денот на езерото кој традиционално се одбележува на овој ден 21 јуни со градоначалниците на Охрид ,Струга Поградец и Дебарца а оваа година требаше домаќин да биде градоначалникот Мерко за прв пат се откажа.
-Настанот е откажан бидјеќи градоначалникот имаше друга итна работа ,доколу има став ќе биде споделен со медиумите посочија од кабинетот на градоначалникот Мерко.
Струшкиот градоначалник иако често е присутен во медиумите со скандали и конторверзни изјави ниту од домашните реакции не може да се каже што точно му се става на товар .Иако во соопштението на Стејт департментот се вели дека се работи за злоупотреба на средства и мешање во судските постапки, во Македонија против Мерко не се води постапка за корупција.Досега Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција отворило предистражна постапка поради набавката на четири службени возила меѓу кои и неговото ауди А6.Набавката на овие возила во вредност од 114 илјади евра беше во 2018 година кога општината имаше неподмирен долг од близу 4 милиони евра.
Инаку на адреса на Мерко во јавноста беа изнесени повеќе обвиненија за злоупотреби кои доаѓаат од неговите политички ривали.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
