Македонија
17. јуни 2023 - 16:35

Водата во Охридското Езеро е безбедна за пливање и рекреација

Квалитетот на водата во Охридското Езеро е од прва класа хемиски и микробиолошки и може да се користат за капење, спорт и рекреација, покажуваат анализите на Центарот за јавно здравје по земените мостри од повеќе локации.Она што загрижува и моментално е единствената црна точка е вливот на каналот Студенчишта каде дирекно се загадува водата.

Поради зголемениот број на гости на охридско-струшкото крајбрежје во јули и август и оптеретување на колекторскиот систем се очекува квалитетот на водата да претрпи одредена деградација.

Потребна е и засилена контрола за градбите долж езерото  и воопшто во градот, бидејќи со тоа се оптоварува веќе истрошениот колекторски систем.