Македонија
13. јуни 2023 - 16:41

Словенечката претседателка уверува дека планот за измени во одлучувањето на ЕУ се однесува и на проширувањето

Ако сите членки на Унијата ја прифатат иницијатива на седумте земји,со која се бара наместо консензус поголема употреба на квалификувано мнозинство при носење одлуки поврзани со заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, таа ќе важи и при проширувањето, потврди словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар која е во официјална посета на Македонија.

Зад иницијативата стојат министрите за надворешни работи работи на Германија, Белгија, Луксембург, Холандија, Романија, Словенија и Шпанија. Предлогот значи дека за одредени одлуки, наместо да се бара едногласност од сите земји-членки, одредени држави ќе можат да останат воздржани, и на тој начин да не го блокираат предлогот.

А на патот до полноправно членство мора да се завршат обврските, вели Мусар. Ги повика македонските политичари да покажат политичка мудрост и да ги завршат уставните измени.

И Пендаровски сакал уставни измени со одложено дејство, ама преговарачката рамка била јасна. Затоа барањето на опозицијата било нереално.

Словенија верува дека Македонија има капацитет да стане дел од европското семејство, затоа на интегративниот пат ќе ја добие целосната поддршка во имеплементација на реформите, порача словенечката претседателка.