Македонија
24. May 2023 - 16:31

Мицкоски: Има само една Македонија, со работа и реформи да влеземе во ЕУ

Kога нема мудрост и разбирање за национално единство кај носителите на власта, тогаш јас повикувам на единство на народот и национално обединување.

Опозицискиот лидер на свечената академија по повод 24 мај од Охрид изрази подготвеност тој да биде носител на националното обединување a неговата партија да биде како што рече браникот пред сите налети за национално обезличување.
Уште еднаш го повтори партискиот став дека наместо национални отстапки, Македонија мора да се посвети на внатрешните реформи упатувајќи порака дека неговата партија нема да даде поддшрка за уставните измени

„Не постои понуда за брод на кој мораме да се качиме за ЕУ, во делови или целосно. Постои работа, труд, реформи и принципи кои мораме да ги направиме за да влеземе во ЕУ, необезличени и со достоинство.

Не постои европски фронт за Македонија или проруска Македонија, постои само Македонија со иднина кои сами ја градиме, со европска перспектива кои сами мораме да ја оствариме.
Ова е Македонија за сите. Македонија која е нашиот единствен дом – порача Мицкоски

Опозицискиот лидер вчера предупреди дека власта готви подлабоки промени на Уставот кои ќе ја направат Македонија бионационална држава, позиција која во СДСМ ја оценија како глупост.