Македонија
19. May 2023 - 16:32

Антикорупциска го доби договорот со Бехтел и Енка, Владата очекува анализата да покаже дека е чист

Антикорупциска ќе го чешла договорот со Бехтел и Енка. Од Комисијата потврдуваат дека веќе го имаат добиено и дека почнале да го анализираат. 

Кога ќе бидат готови не знаат, но велат, овој предмет најмногу им тежел.

Премиерот очекува антикорупционерите да потврдат дека Договорот е чист

Владата веќе привршува со процесот на пробивање на коридорите, но низ Собранието. По двете забави за кои се уште не знаеме колку плативме, премиерот очекува на терен, коридорите да почнат да се пробиваат за време на летото.