Македонија
16. May 2023 - 16:39
МОН ги објави препораките за зголемување на безбедноста во училиштата
Училиштата и родителите да размислат за воведување на училишни униформи за учениците и кодекс за облекување на наставниот кадар како и прецизно да го организираат користењето на мобилните телефони додека децата се во училиште.
Владата усвои сет со 10 препораки кои по трагичните настани во Србија треба да влијаат на превенција на врсничкото насилство и подигнување на безбедноста во училиштата.
Според новите препораки сите општини треба да формираат стручни тимови кои ќе разговараат поединечно со секое дете а посебен фокус да биде ставен на децата кои се во ризик.
Дополнително, надлежните ќе подготват и литература која треба да придонесе за пријатна атмосфера во училиштата.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
