Македонија
8. May 2023 - 16:37

Спасовски со оценка дека Македонија е безбедна, потребни се системски измени за равој на општеството

Македонија е безбедна земја и нема индиции за нарушувања бидејки случувањта во опкружувањето не се случаи кои можат да бидат прелеани кај нас од аспект на било какви териористички или криминални групи смета министерот за внатрешни работи Спасовски.Но како што потенцира   мора да се преземат системски чекори кои ќе гарантираат правилен развој на општеството ,подигнување на степенот на образованиеето и зајакнување на стручните служби кои ќе се грижат за менталното здравје на децата.

На прашањето дали МВР планира да ја намали границата за кривична одговорност кај малолетниците по масакрот во Србија министерот Спасовски на став дека потребна е широка дебата која би помогнала во процесот.

 Потребно е и родителите да преземат сериозна одговорност во контролата на децата, во однос на пристапот на интернет, и социјалните медиуми но и да се создадат услови кои што ќе грантираат безбедност во таа фаза нагласи министерот за внатрешни работи Спасовски на на денешната прес-конференција, во рамките на 50. Европска регионална конференција на Интерпол што се одржува во Охрид.