Голем број домашни и странски туристи го пречекаа христовото воскресение во бројните храмови во Охрид
Со биењето на кабаните голем број верници синоќа точно на полноќ ја дочекаа радосната вест за Христовото Воскресение во Балканскиот Ерусалим. Централната богослужба на која чиноначалствуваше митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј се одржа во Светиклиментовиот храм на Плаошник а полни со гости беа и останатите цркви во градот.
Со свеќи и црвени јајца во рацете верниците на овој голем празник си посакаа здравје и благосостојба.
Охриѓани и бројните туристи за време на Велигденските празници ги преполнија древните цркви на брегот на Охридското Езеро. За најголемиот христијански празник градот блесна во полн сјај како одличен туристички центар, најбројни долж ривиерата се оние од нашето соседство и домашните но не изостануваат ни оние од подалечните земји.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
