Loading Video...
Свет
9. April 2023 - 16:35
Евакуирани над 140 лица во Хамбург поради пожар во магацин за камиони
Надлежните евакуираа над 140 лица по силниот пожар кој рано утрово избувна во магацин за камиони во германскиот град Хамбург.
Полицијата ги информираше граѓаните дека се движи густ токсичен чад кон градот и препорача да не се излегува на улиците.
Блиската населба која се наоѓа во североисточниот дел на градот била евакуирана, а во прекин е железничкиот сообраќај меѓу градот Хамбург и Бухен.
Нема информации за повредени лица.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
