Македонија
8. April 2023 - 16:40

За што се подготвуваат партиите со теренските активности?

Промената на Уставот, а не евентуални предвремени парламентарни избори е тоа што ги растрчува партиите по митинзи оваа пролет. Експертите согласни дека одамна помина времето кога партиите влегуваа во кампања само во пресрет на предвремени избори

СДСМ од средината на оваа недела вели влезе во засилена теренска кампања. Раководството ги облече функционерите во црвени елеци и ги прати да бидат рамо до рамо со граѓаните и да ги посетат во нивните домови. 

Затворете им ги вратите, порача лидерот на опозицијата потврдувајќи дека и тој е во кампања 365 дена во годината

ДУИ е по митинзи веќе подолг период, но таму проблемот го направи Огнената група која веќе и официјално делува како фракција на интегративците. 

Во албанскиот политички блок по напуштањето на коалицијата по митинзи шеташе и Африм Гаши додека БЕСА и Алијанса се уште немаат почнато интензивни теренски активности.