Македонија
1. March 2023 - 16:38

Нема веќе апанажа за функционерите кои дале оставка или биле разрешени

Се укинува апажанажата за пратеници, владини функцинери и раковoдни лица на кои предвреме им истекол мандатот поради оставка или пак, биле разрешени

Уставниот суд донесе конечна одлука по Инцијативата за оспорување на членот 22 од Законот за плати и надоместоци на избрани и именувани функцинери со која се предвидуваше дека ТЕЛОП пратениците и функцинерите на кои им е прекинат мандатот имаат право на истите надоместоци, вклучително апанажа и К-15, како и оние кои ги имаат ваквите права со истечен мандат.

Апанажата за оние кои до крај ќе го истераат својот мандат останува.

Според Законот, право на апанажа имаат поранешните функцинери во траење од 3 до 12 месеци зависно од должината на мандатот. Апанажата не се добива по автоматизам, туку финцинерот треба да поднесе барање во рок од 30 дена од денот на престанување на функцијата.

Министрите и замениците министри, како и останатите функционери од редовите на Алтернатива и Демократски сојуз на мандатот им престана со оставки или разрешување поради промените во владината коалиција ќе имаат право на апанажа само доколку тоа го побараат пред објавувањето на Одлуката на Уставен во Службен весник, по тоа оваа одлука е конечна.

Судот, одлучуваше по инцијатива на струшкиот адвокат Глигорие Ќатоски кој всушност ја има оспорено апанажа за сите, но за тоа судиите не нашле правен основ. Вели делумно е задовелен од одлуката бидејки тоа е еден чекор плус во кратењето на неоправданите привилегии што ги имаат функцинерите во однос на обичните граѓани.

Уставниот суд ќе ја објави одлуката во Службен весник за неколку дена, бидејќи треба да помине техничка и лекторска обработка.