Втора недела расправа за разрешувањата на министрите од Алтернатива
Хибриден режим, хакирано здравство, крахирани иснтитуции, киднапирана држава. Ова се аргументите со кои опозицијата бара одговорност од премиерот Ковачевски, министерот Спасовски, но и надлежни директори по повод скандалите со Фондот за здравство, секојдневните дојави на бомби, но и со доцната набавка на лекот за цистична фиброза, наместо партиски смени во Владата.
Собранието втора недела расправа за реконструкција со која кадрите на Алтернатива на Гаши се заменуваат со оние на Алијанса на Таравари.
И додека пратениците од опозицијата директно му се обраќаа на премиерот, Ковчаевски вообичаено за подолгите собраниски дебати на кои мора да присуствува, читаше книга. Владините политики ги бранеа пратениците на СДСМ.
За разлика од претходно, денеска пратениците од Алтернатива се обидоа да ги одбранат своите кадри. Донесена е национална стратегија за дигтализација и драфитрана е стратегија за кибер безбедност, велат тие во одбрана на Алити.
Расправата за вториот минситер на Алтернатива се планира да заврши вечерва и ќе остане само дебата за министерот без ресор задолжен за дијаспора. Дури потоа ќе следи разрешувње на Сали, на Алити и на Чупи.
Од власта се отпимисти, дека поради ограниченото време за избор на министер, новиот владин кабиент на Ковачевски со кадрите во Алијанса би бил комеплетиран до крајот на оваа недела.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
