Македонија
17. February 2023 - 16:35

Собрание: Почна расправа за разрешување на министерот за информатичко општество

Наместо да бара одговорност од министерот информатичко општество зошто државата нема ИТ систем за заштита од хакерски напади како оној во Фондотот за здравство, Ковачевски бара разрешување на Алити за да си обезбеди мнозинство во парламентот.

Опозицијата со критики до Владата и за разрешување на вториот министер од Алтернатива поради влезот на Алијанса во власта. Власта пак, се брани паѓаат и системите со кои раководат кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

Со реконструкцијате не се носи историска одлука каде ќе се движи државата, туку за спас на оваа Влада, сметаат од СПМ.

Синоќа во парламентот заврши расправата за министерот за здравство Сали. Неколку дена се очекува да се расправа и за Алити од информатичко општество и администрација, како и министерот без ресор Чупи, пред пратениците да гласаат за нивно разрешување. Иако се расправа за нивен кадар, пратениците од Алтернатива не се јавуваат за збор или реплики.