ЕСМ склучи договор со Макпетрол за набавка на гас за ноември
И од утре скопјани ќе се грејат со гас од Макпетрол. ЕСМ ја одбра оваа понуда како најприфатлива на тендерот на кој во игра беа и комапниите кои ги предложи лидерот на опозицијата.
Од 1 јануари пак Македонија ги зголемува можностите за снабдување со гас од повеќе извори и по пониски цени.
Ова го овозможува договорот кој денеска во Софија го потпишаа операторите за пренос на гас на Македонија и Бугарија.
Овој договор на Македонија ќе и овозможи за прв пат да набавува гас кој не е руски, потенцира министерот Бектеши.
Земјава преку Бугарија ќе може да добива и по 500 000 кубни метри гас дневно, а ќе има пристап до значителни количини на гас од терминалите за течен гас во Југоисточна Европа, како и гасоводот од Азербејџан.
Со овој договор Македонија го решава и проблемот за скалдирање на гас, со оглед дека земјава нема сопствено скалдиште.
Од 1 јануари Македонија ќе може да скалдира природен гас во бугарското подземно скалдиште Чирен. Создавањето резерви на природен гас ќе овозможи и негова набавка по пониски цени.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
