Туристичките работници бараат олеснување на рестрикциите пред празниците
Во пресрет на велигденските и првомајските празници туристичките агенции бараат да се укинат заштитните мерки при влез и излез од државата.Тие посочуваат дека по теркот на останатите земји за поголем број на посетители во туристичките центри потребно е олабавување на мерките на граничните премини .
Со оглед на тоа дека пандемијата стивнува укинувањето на протоколите ќе допринесе за поголем приход во туризмот.
Пред само неколку дена Комисијата за заразни болести препорача укинување на потврдата за вакцинација за влез во земјава но ваквиот предлог треба да го одобри Владата. Меѓу рестриктивните мерки кои сѐ уште се на сила е задолжителното носење маски во јавниот превоз, во аптеките, Домовите за стари лица, болниците, а исто така и за влез во затворени угостителски објекти мора да поседувате сертификат за вакцинација.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
