Бизнис
17. February 2022 - 12:30

Охрид има потреба од стручен кадар во угостителството и туризмот

Охрид како туристички центар освен квалификуван кадар за индустриските капацитети, има континуирана потреба од подобрување на квалитетот и вештините од областа на угостителството, бизнисот, и економијата. Градоначалникот Пецаков смета дека еден од позначајните сегменти е практичната обука во компаниите, бидејќи покрај теоријата учениците се надградуваат во работната средина односно се подготвуваат за реалниот свет.

Поголемите компании кои инвестираат и работат согласно нивното производство и технологиите наметнаа потреба од специфичен стручен кадар.

Од Швајцарската агенција за развој на завршниот настан од проектот Образование за вработување во Северна Македонија на кој беа доделни и сертификатите за успешно завршена обука потенцираа дека континуираното инвестирање во професионалниот развој на наставниците е нужност која утре се рефлектира во резултатите што ги постигнуваат учениците.