Македонија
10. February 2022 - 12:25

Езерската полиција со засилени контроли во борба со рибокрадците

Повторно пронајдени и одземени рибарски мрежи и нелегално уловена риба.Рибокрадците не престануваат да го пустошат рибниот фонд ,во атарот на селото Пештани и Трпејца од страна на езерската полиција затекнати биле две лица кои вршеле незаконит риболов .Од СВР Охрид  најавија интензивирање на акциските контроли во различни временски периоди и на различни места долж езерото .

Најчесто рибокрадците и се добро познати на полицијата против кои биле поднесувани пријави за незаконит риболов.

Екологистите постојано апелираат дека ендемичната риба со децении е на работ на исчезнување и бараат да се стави крај на  нелегалниот риболов и овој црн бизнис од кој со години  профитираат  групи  луѓе. Со езерото да стопанисува локалната и да се користи само за спортски риболов.

Изминатиов период извршени биле 9 акциски контроли долж охридското езеро и затекнати 72 рибарски мрежи во должина од 3500 метри и 46 парчиња охридска пастрмка.