Анализа со Ненад Марковиќ: Што може да се очекува од индиот владин кабинет?
Новите имиња во Владата на Димитар Ковачевски ќе бидат шанса социјалдемократите да ја одржат власта и да го кренат рејтингот смета професорот по политички науки Ненад Марковиќ. Но, тој предупредува дека и тоа што министрите делумно ќе бидат непознати за граѓаните може негативно да влијае на имиџот на новиот владин кабиент на лидерот на СДСМ.
За тоа колку оваа Влада може да трае професорт вели ќе зависи од одлуката за предвремемени избори.
Ковачевски мандатот за премиер од шефот на државата Пендаровски ќе го добие во среда и ќе има 20 дена да ја состави владата, но засега во јавност не открива кој се ќе биде дел од неговиот кабиент.
Додека министерските имиња се уште ги нема, дел од новите раководни кадри на СДСМ пред утрешниот Централен одбор веќе се објавуваат.
Така во раководството на СДСМ се враќа поранешниот пратеник Игор Ивановски.
За нови потпретседатели на партијата се споменуваат и Петар Костадинов, градончалникот на Валандово и пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска. За нов генерален секретар пак, се најавува Миле Зеќевиќ.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
