Македонија
20. December 2021 - 16:44

По Филипче и Шеќеринска и Царовска не се гледа во министерска фотеља во новата Влада

По Шеќеринска и Филипче и Царовска официјално нема да дел од владиниот кабиент на Ковачевски. Министерката за образование денеска потврди дека донела одлука да не учествува во новата Влада која се подготвува по најавите дека премиерот Заев заминува од Илинденска бр 2. Царовска е задоволна од тоа што го сработила изминативе 5 години.

Царовска веднаш по локалните избори се повелече и од раководството на СДСМ, а нејзините проекти во делот на образованието беа едни од најкртикуваните во Владата на Заев. 

Во меѓувреме, се погласни се информациите се дека кабинетот на Ковачевски кој неодмна беше избран за лидер на СДСМ, ќе биде прилично освежен во делот на социјадемократските кадри. Нови министри се очекуваат и во ресорите: евроинтеграции, внатрешни работи, труд и социјална политика, транспорт и врски, правда, па дури и нов вицепремиер за справување со корупцијата. Не се исклучени и ротации. 

Појасна ќе биде сликата по состанокот на Централниот одбор на СДСМ на кој партијата ќе го избира партиското раководство, но се очекува и Ковачевски да збори за тоа на кого смета во новата Влада.

Од друга страна, мали се шансите за промени во кадрите на интегративците. Денеска тоа посредно го потврди и шефот на диплонатијата Османи.

Од Алтернатива пак, која веќе ги утврди своите минситри денеска коментираа зошто во нивниот избор нема жени.

Заев оставката од премиерската фукција во Собранието ќе ја поднесе во среда. Од тој момент целата Влада е во оставка. Шефот на државата Пендаровски во рок од 10 дена треба да го додели мандатот на новиот мандатар. Ковачевски пак, ќе има 20 дена да ја состави Владата и да ја напише програмата. Сепак, овие рокови веројатно нема да бидат искористени до крај и се очекува државата да добие нова Влада веднаш по Нова Година.