Македонија
14. December 2021 - 16:39

Анализа: Дали јуни е новиот декември и колкави се шансите за исчекор?

Јуни 2022 година е најреалниот термин Македонија да добие одлука од Брисел за почеток на преговорите доколку во меѓувреме се изнајде решение за недоразбирањата со официјална Софија. Ова е прогнозата на аналитичарите откако стана извесно дека државата ги губи декемвриските состаноци на ЕУ како можност за позитивна одлука поради ставот на Бугарија.

Речиси нема шанса тоа да се случи на вонреден состанок на ЕУ челниците веднаш по евентуален договор со Бугарија,  какви што најави слушнавме од Заев и Груби, но има мали шанси тоа да бидат некои од редовните состаноци, как на пример оној на 25 јануари или пак, напролет.

Новата влада на Петков дава надеж дека може да се рационализираат односите меѓу двете држави и да се остават настрана историските и идентитетски прашања, вели Кацарска.

Првиот човек на МАНУ Коцарев пак, во својата последна колумна „Обвинувам“ посветена на тоа на каде се движи Македонија посочува на слабости во водењето на дрѓаваната политика и обвинува како што вели за распаѓање на Македонија по сите основи.

„Обвинувам за поробена Македонија, демакедонизирана Македонија, за тоа што ја предадоа Македонија, онака, доброволно, од ќеф, за грст долари, за нестварен сон, за илузија, за „повисока цел“. Обвинувам за големи лаги, круцијални предавства и празни ветувања што ги направија нашите животи да станат бесцелни, безидејни, нестварни, анксиозни, вознемирени, депресивни, конфузни, очајни. Обвинувам за помор на македонскиот род, македонското име, за сè што е македонско“, пишува Коцарев во колумната.