Николоски: Фокусот на Владата е да изгради модерни транспортни коридори, подобра инфраструктура значи силна економија

Македонија е силно посветена на изградбата на стратешки инфраструктурни проекти и на реализација на капитални инвестиции кои значат квалитетни транспортни конекции со целиот регион. Фокусот на Владата е да изгради модерни транспортни коридори преку кои ќе придонесеме за економски напредок во државата и севкупно на регионот, што е и основна цел на Стратегијата за Јадранско – Јонскиот регион. Подобра инфраструктура значи силна економија, истакнал денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на 20. конференција на Јадранско - Јонската иницијатива во Собранието.
Како што информира Николоски на својот фејсбук профил, во обраќањето се осврнал и на активностите на Министерството за транспорт, како и на сите инвестиции на стратешките проекти како што е брзата пруга на Коридорот 10.
-Потенцирав и за напредокот во изградбата на автопатите. Силно се работи на Коридорот 8, како и на поврзувањето на Прилеп и Битола, односно Коридорот 10д, наведува Николоски во објавата.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп објави видео од напаѓачот во хотелот
-

Предложен притвор за гостиварчанецот кој силуваше 14-годишно девојче
-

Чернобил - 40 години потоа: Катастрофата што го потресе светот
-

Трамп: Овој напад нема да ме одврати од војната во Иран
-

Напаѓачот од Вашингтон призна дека мета му биле американските политичари
-

Сончево со локална облачност
-

Трамп евакуиран по пукање на новинарска вечера во Вашингтон – едно лице повредено
-

Лажна била дојавата за бомба во „City Mall“
