Македонија
25. April 2026 - 21:35

Лажна била дојавата за бомба во „City Mall“

Денеска (25.04.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговскиот центар „City Mall“ во Скопје се поставени експлозивни направи. 

Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници во внатрешноста и околу објектот, при што е утврдено дека станува збор за лажна дојава за поставени бомби, велат од министерството.