Николоски: Дијаспората доби директна линија Женева – Скопје

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски синоќа во обраќањето на партиски настан во Ново Село изјави дека на барање на дијаспората е отворена директна линија Женева-Скопје.
Николоски синоќа присуствуваше на партиски настан во Ново Село, организиран од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, каде што се сретна со претставници на македонската дијаспора, членови и симпатизери на партијата.
-Прекрасна енергија во Ново Село! Вечерва на покана на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Ново Село имавме прекрасен настан, полн со позитивна енергија и патриотизам. Се сретнавме со нашинците од дијаспората и сите оние симпатизери и членови на ВМРО-ДПМНЕ со кои изминатите години заедно работевме на подобрување на животот во Македонија. Токму на барање на дијаспората отворивме директна линија Женева Скопје. Лет кој многу го користи дијаспората и со кој почесто и полесно се враќаат во Македонија - објави Николоски на Фејсбук.
Тој додаде дека работат на проект за изградба на експресен пат Радовиш - Струмица - Ново Село.
-Уште еден значаен инфраструктурен проект кој ќе го подобри животот на жителите од овој регион. ВМРО-ДПМНЕ е партија на народот, обединета и силна! - додаде Николоски.
МИА
Ново на Сител
-

Клековски: Имаме ситуации со луѓе кои се на боледување, а на Инстаграм се сликаат на одмор во Италија
-

Неопходни се рабони места кои ќе понудат баланс меѓу приватниот и професионален живот
-

Донирај текстови, документи и гласовни снимки за потребите на „Везилка“
-

23 септември - ден на знаковниот јазик
-

Преглед на вестите од светот
-

Со изведување докази продолжува судењето за злоупотребите во Државна лотарија
-

Откриена нелегална плантажа со 680 килограми марихуана, приведени две лица
-

Националната стратегија за борба со корупцијата пред пратениците
