-->
-->
Неколкумина повредени во напад врз брз воз во Германија
-->

Маж е приведен во Германија откако во брз воз се заканувал со напад и фрлал петарди, при што неколкумина завршиле со полесни повреди, објави „Еј-би-си њуз“.
Возот патувал од Келн кон Франкфурт во четвртокот вечерта. Тој бил евакуиран во Зигбург, недалеку од Келн, а федералната полиција соопшти дека мажот бил совладан и уапсен. Полицијата наведе дека во неговиот ранец бил пронајден нож.
Според полицијата, мажот се затворил во тоалетот на возот.
Тој фрлил петарди во преминот меѓу седиштата. Полицијата соопшти дека неколкумина завршиле со полесни повреди.
Засега нема дополнителни информации за осомничениот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

10 претстави во официјална конкуренција на 60-от МТФ „Војдан Чернодрински“
-

Ново Село ќе добие модерен пазар вреден над 8 милиони денари
-

18 општини чекаат изведувач на регионалната депонија кај Мечкуевци
-

Преглед на вестите од светот
-

Иницијатива за ограничување на социјалните мрежи кај малолетници во Македонија
-

Тема на денот со Весна Петрушевска
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Оваа година избори нема да има
