Неколку причини за појава на темни подочници

Голем број луѓе се соочуваат со темни кругови под очите кои настануваат од повеќе причини и претставуваат естетски проблем, посебно за дамите.
Покрај генетичката предиспозиција, една од причините за темните подочници е умор и недостаток на сон. Научниците советуваат на 7-8 часа ноќен одмор.
Исто така и дехидрација на телото може да биде причина за подочници како резултат на сува кожа во тој дел од лицето. Затоа важи препораката од внесување на барем два литра водна дневно.
Изложеност на силно сонце, како и долготрајно време пред тв и компјутер без пауза го зголемуваат ризикот од темни подочници.
Како значаен фактор за појавување на темните кругови под очите, лекарите го посочуваат и пушењето кое го спречува создавањето колаген и со тоа кожата на лицето ја губи еластичноста и старее.
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
