Македонија
23. January 2024 - 20:49
Негувателки од Охрид со години работат за 10.000 денари без здравствено осигурување
20 тина негувателки и воспитувачки од детските градинка во Струга доколу не добијат решенија или минимална плата со здравствено осигурување најавија дека од 1 февруари нема да одат на работа. Тие веќе неколку години земаат плата од 10 илјади денари а од февруари им било најавено дека ќе треба да работат за 5 илјади денари.
Струга може да се соочи со проблем, градинките нема да може да работат, а се уште има листа на чекање за згрижување на деца.
Директорката на градинките во април минатата година поднела барање за вработување, но било одбиено од страна на Министерството за труд и социјала. Во неможност да го реши проблемот пред неколку дена директорката Јулијана Ложанкоска си поднела оставка.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
