-->
-->
НБА: Втора победа на Денвер против Лејкерси
-->

Откако победија во првиот меч од финалето на Западот, Нагетси беа подобри во вториот меч, победувајќи со 108-103 со што кошаркарите на Денвер поведоа со 2-0 против Лејкерси во финалето на Западната конференција. Сега серијата се сели во ЛА каде ќе се играат два меча, првиот на 20 мај, а вториот два дена подоцна.
Првата четвртина заврши нерешено (27-27), но во средината на втората четвртина гостите стигнаа до 11 поени предност (45-34). Лејкерси беа во водство и речиси цела трета четвртина, во еден момент повторно имаа +11.
Денвер брилијантно влезе во последната четвртина и по пет минути игра имаше 12 поени плус (96-84).
Во редовите на Денвер Мареј беше одлично расположен, постигна 37 поени од кои дури 7 од слободни фрлања во последните 50 секунди.
Српскиот центар Никола Јокиќ забележа нов „трипл-дабл“, 23 поени, 17 скока и 12 асистенции
Кај Лејкерси Леброн Џејмс и Остин Ривс постигнаа по 22 коша.
Во финалето на Источната конференција, кошаркарите на Мајами Хит водат со 1-0 во победите против Бостон Селтикс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Истражување: Повеќето граѓани на ЕУ не ги сметаат САД за доверлив партнер
-

„Тесла“ повлекува повеќе од 200.000 возила во САД
-

Над 256 илјади случаи на сексуално насилство во ЕУ во 2024, во Македонија 131
-

Централна прослава по повод Денот на полицијата - 7 Мај
-

ЕУ постигна договор за олеснување и одложување на дел од правилата за вештачка интелигенција
-

Најстудено во Берово, а најтопло во Демир Капија, Скопје и Тетово
-

Во Кривичен денеска пресуда за Стојанче Јовановски за трагедијата од 2 март
-

Скопје домаќин на Регионална министерска конференција за демографските предизвици
