Истражување: Повеќето граѓани на ЕУ не ги сметаат САД за доверлив партнер

Повеќето граѓани на Европската Унија не ги сметаат Соединетите Американски Држави за доверлив партнер, покажува студијата базирана на анкети спроведени во сите 27 земји-членки, пренесе ДПА.
Според анализата на фондацијата „Бертелсман“, раководството на Доналд Трамп остава длабоки последици врз перцепцијата на граѓаните. Истражувањето, спроведено од институтот „Нира Дата“ во март, опфатило повеќе од 18.000 лица.
Резултатите покажуваат дека 58 проценти од граѓаните на ЕУ сметаат дека САД не се доверлив партнер. Во Германија овој процент е уште повисок и изнесува 73 отсто. Само 31 процент од испитаниците ги сметаат САД за најважен партнер на ЕУ, што е пад од 20 процентни поени во споредба со септември 2024 година, кога овој став го споделувале 51 отсто од анкетираните.
Речиси три четвртини од испитаниците (73 проценти) сметаат дека Европа треба „да тргне по свој пат“ по децении блиски односи со Вашингтон.
Истовремено, скептицизмот кон Кина останува висок, додека Обединетото Кралство и Канада се доживуваат како стратешки партнери со сè поважна улога.
Поддршката за НАТО и натаму е силна, при што 63 проценти од испитаниците ја сметаат Алијансата за централен столб на безбедноста.
МИА
Ново на Сител
-

Интерпол: Речиси 270 лица уапсени во глобална акција против нелегални лекови
-

Десет фактори што го намалуваат ризикот од деменција и мозочен удар
-

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор
-

Муцунски: Во овој момент услови за уставни измени нема
-

Истражување: Повеќето граѓани на ЕУ не ги сметаат САД за доверлив партнер
-

„Тесла“ повлекува повеќе од 200.000 возила во САД
-

Над 256 илјади случаи на сексуално насилство во ЕУ во 2024, во Македонија 131
-

Централна прослава по повод Денот на полицијата - 7 Мај
