Науката ги одреди најпаметните раси кучиња

Обемно лабораториско истражување за интелигенцијата на кучињата коешто го спроведоа научници од Универзитетот на Хелсинки во Финска, ги именува најпаметните раси. На првото место е белгискиот малиноа овчар кој освои 35 од 39 поени – оваа раса често е користена од полицијата.
Меѓу нив имало единки од граничарски шкотски овчар, белгиски овчар, англиски кокер шпаниел, германски овчар, златен ретривер, лабрадор и голем број мешани раси.
За да дојдат до своите научни заклучоци, стручњаците спроведоа низа од 10 когнитивни и бихејвиорални тестови. Меѓу другото, тие ги проучувале способностите на животните „да читаат“ човечки движења, да решаваат проблеми и да помнат информации. Испитувањата опфатиле илјадници кучиња од различни раси.
Така, еден од тестовите има цел да провери колку кучињата се независни… Тука животните имаа задача да најдат начин да земат храна од запечатена кутија.
Според истражувањето, второто место го зазеде шкоткиот овчар (бордер коли) – доби 26 од 39 поени. На место број 3 се најдоа кучињата од расата ховаварт (25 поени).
Ново на Сител
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
