Македонија
21. јуни 2026 - 16:44

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат

„Разговорите продолжуваат!“ Ова е единствената информација која ја споредуваат владините партнери по двата дена состаноци на Мицкоски, првично со лидерите на Вреди Касами и Меџити, а вчера и со лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски за највената реконструкција.

- „Сите коалициски партнери ја споделуваат определбата Владата да продолжи со засилено темпо во реализацијата на програмските приоритети и реформите кои се очекуваат од граѓаните.
Во текот на разговорите беше нагласено дека реконструкцијата не се води од партиски или персонални интереси, туку од потребата за дополнително јакнење на институционалниот капацитет и уште поефикасна реализација на владината програма“, брифираат од Владата за завршената прва фаза од разговроите. Финалните косултации за потврдеи конечни решенија и позиции се најавуваат за почетокот на наредната недела. Она што ќе биде кчлучно во оценката на функционерите, според брифингот, ќе биде достапноста за граѓаните, отчетноста за работата и посветеноста кон обврските.

Целта на процесот е ЦВладата да биде поефикасна и да се добијат резултати кои значат на граѓаните, велат од Илиндемска бр. 2.

Од СДСМ пак, велат дека реконструкција на Владата ќе донесе само козметички промени, а опозицијата нема да му даде алиби на премиерот за распишување предвремени парламентарни избори.

Од друга страна, лидерот на СДСМ е задоволен од кадровските примени што беа направени под негово водство. Тврди дека партијата е консолидерана, а на СДСМ се приклучувале интелектуалци, граѓански активисти и млади луѓе кои во партијата препознале единствена опција за напредок.

Филипче, ги анализираше и двете години владеење под раковдство на Мицкоски. Вели дека ВМРО-ДПМНЕ за две години не реализирала 90 отсто од ветените работи во својата изборна програма.

Од ВМРО-ДПМНЕ со контра пресметки – прсочената плата за две години пораснала 8.000 денари.

Филипче вели дека големи потфрлања има и во правосудсните реформи и евроинтеграциите.