НАСА работи на робот-куче за спасувања на Месечината
Мултидисциплинарен научен тим на НАСА веќе наголемо „ги подучува“ роботите „на четири нозе“ да се движат по месечевите кратери и други слични предизвикувачки површини.
Како дел од истражувањето финансирано од американската вселенска агенција, стручњаци од повеќе универзитети и вселенскиот центар „Џонсон“ на НАСА уште од летото 2023 година тестираат тн. „робот-куче“ наречен „Спирит“ (Spirit). На последниот тест кај глечерот Палмер во Орегон, што траел пет дена, направата минала низ различни терени, па и низ снег врз карпести површини користејќи ги своите метални ногарки.
- „Роботот-куче“ мора да биде способен да открие што се случува кога е во интеракција со земјата и брзо и соодветно да ги приспособи своите стратегии за движење, изјави истражувачот Феифеи Кијан.
„Спирит“ е тестиран од тим инженери, стручњаци од когнитивните науки, геолози и астрономи, како дел од проектот под назив „Legged Autonomous Surface Science in Analog Environments“ (ЛАССИЕ). Според истражувачите, тестот помогнал да се дознае повеќе за одликите на земјената површина и движењето по потешки терени. Се собраа сознанија и искуства коишто ќе се користат за „обука“ на роботи за на Месечината, другите планети и можеби на површини вон нашиот Сончев Систем.
- Кога стапалото на роботот ќе се лизне на мраз или ќе пропадне во мек снег, тоа нè инспирира да бараме нови начини и стратегии што ќе ги поместат границите на човековото знаење и ќе овозможат нова технологија. Учиме и стануваме подобри од воочените неуспеси, појасни Кијан.
Тимот тврди дека роботот може „да чувствува“ кога оди на нерамни површини - слично како човек, како и кога земјата се поместува под неговите нозе.
Под надзор на тимот, „Спирит“ ги подобрил своите способности за подвижност преку тестови на песочните плажи во Јужна Калифорнија, Националниот парк „Вајт Сендс“ во Ново Мексико (САД), планината Маунт Худ и други места.
Тимот планира да развие повеќе роботи со четири нозе за мисиите, а НАСА обезбеди двегодишно финансирање од два милиони долари. Целта на тимот е да ѝ помогне на НАСА да распореди роботи на Месечината заради идна соработка во мисиите.
За многумина најфасцинантниот аспект на истражувањето е способноста на „роботот-куче“ да се трансформира во мост, пирамида исл., што ќе му овозможи да спаси човек и на потежок терен.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
-

Се чисти депонијата кај изворот Рашче
-

25 години Рамковен договор: Стабилноста се гради со дијалог, а иднината со инвестиции
