Најмногу дожд во Тетово и Крушево

Најмногу дожд во изминатото деноноќи наврна во Тетово и на Попова Шапка 16 литри на метар квадратен, 13 во Крушево, 12 во Берово, 11 во Куманово, а 10 во Штип, соопшти УХМР.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец (над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени.
Во Скопје, променливо облачно и посвежо, претпладне со услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува засилен, во делови од котлината повремено силен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде до 24 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Недоволната едукација предизвик во современото пчеларство
-

Карбинци подготвува нови зони за индустрија и домување
-

Преглед на вестите од светот
-

Со 300 милиони денари Државна лотарија ги спонзорираше настаните за 35 години независна Македонија
-

Тема на денот со Кирил Барбареев, универзитетски професор
-

5,5 милиони евра за 35 години независност
-

Опозициските партии со остри реакции за потрошените пари за прославата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Немало комуникација со ДУИ за избори
