-->
-->
Најмалку петмина повредени откако трамвај излета од шини и удри во зграда во Белград
-->

Најмалку пет луѓе се повредени откако трамвај претпладнево излета од шини во Белград и удри во зграда.
Возачката кабина на трамвајот е целосно уништена, прозорците на трамвајот се скршени, а дел седишта се искорнати.
„Според податоците од Градското сообраќајно претпријатие (ГСП), во несреќата се повредени пет лица, вклучувајќи го и возачот на трамвајот. Тој е префрлен во Ургентниот центар, изјави за Н1 Иван Банковиќ, претседател на Синдикатот на ГСП Центар
Сè уште нема официјални информации за причината за несреќата – не е познато дали станува збор за инфраструктурен проблем или несреќата е предизвикана од човечки фактор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во Гостивар има техничка вода, но не е за пиење
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Нова надеж за повредените штркови
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
