Најмалку 750 мртви во поплавите и лизгањето на земјиштето во Непал

Непалските власти предупредија за зголемување на нивото на реките во регионот кој беше погоден од катастрофални поплавите по должината на границата со Кина, во кои животот го загубија најмалку 750 луѓе, објави ДПА.
Националниот орган за намалување и управување со ризици од катастрофи ги предупреди жителите и спасувачите да бидат внимателни по должината на реката Бхотекоши.
Експертите велат дека уривањето на глечер во Непал можеби ја предизвикало катастрофата, испраќајќи огромни количини вода по долината на реката во хималајскиот пограничен регион меѓу Непал и Кина.
Најмалку 734 лица загинаа во Непал, соопшти агенцијата, а речиси 3.000 се водат како исчезнати. Кинеските државни медиуми објавија најмалку 16 смртни случаи и 546 исчезнати.
Во меѓувреме, американската Влада соопшти дека ќе обезбеди 3,6 милиони долари помош за Непал.
„Хуманитарната помош што спасува животи ќе вклучува до три месеци итна помош во храна за 10.000 домаќинства погодени од поплавите“, објави Стејт департментот на Икс.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Симов, претседател на ИКТ комората
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
-

„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
-

Успешна туристичка сезона во Дојран
