Loading Video...
Свет
5. October 2023 - 16:51

Најмалку 50 лица загинаа денеска во руски ракетен напад

Најмалку 50 лица загинаа денеска во руски ракетен напад врз продавница за храна и кафуле во селото Гроза во близина на градот Купјанск објавија укрианските власти. 

Соопштија и дека меѓу загинатите има и шестгодишно дете, а седум лица се повредени. Зеленски кој е во Гранада, Шпанија,  на состонок на Европската политичка заедница за нападот рече дека е целосно намерен терористички чин, нагласувајќи дека рускиот терор мора да се запре.

Неколку часа пред украинските власти да објават за смртносниот напад,  рускиот претседател изјави дека војната во Украина ја започнал самиот Киев, поддржан од Западот. Путин рече и дека западот, заборавајќи го значањето на компромисот, ја гледа секоја земја што и се спротиставува како непријател.

Големиот пожар во Осиек во кој гори пластичен отпад е ставен под контрола, но се уште не е целосно изгаснат. Токсичниот чад се уште се шири, но многу помалку од вчера. Остануваат препораките за сите жители на Осиек  и околината да се задржуваат што пократко на отворено и да носат маски. 

Пожарот од засега непознати  причини избувна во средата 40 минути по полноќ во дворот на фабриката Драва интернационал. Пожар од вакви размери немаше да има бидејќи според закон, таму требало да има складирани 20 илајди тони а не половина милион тони пластика, велат градските власти. Ќе барат од владата да прогласи еко катастрофа. Сопственикот на фабриката тврди дека го почитувал законот и дека  пожарот бил подметнат. Густиот чад стигна и до границите на  Босна и Херцеговина. 

Во Србија околу 11 часот во тепачка со врсник на поткровје од куќа во Нишка Бања е убиено 13-годишно момче. Момчето било избодено со нож. Злосторстовото се случило во домот на тинјџерот кој е осомничен за убиството. Осомнсичениот и жртвата биле другари и одделе во седмо оддление. Според информации на српските медиуми, тие се карале на улица, по што се случило злосторството. Засега не е познато кој би можел да биде мотивот за тепачката.