Loading Video...
Свет
6. September 2023 - 16:30

Најмалку 10 загинати во поплавите во Турција, Грција и Бугарија

Во поплавите предизвикани од невремето што вчера го зафати северозападниот дел на Турција загинаа најмалку пет лица, а над 30 се повредени.

Три лица загинаа, а три се уште се водат како исчезнати во провинцијата Киркларели, откако надодејната вода зафати камп во кој имало 12 мина туристи. Два смртни случаи се регистрани во Истанбул, а спасувачките служби спасиле 157 луѓе заглавени во поплавени улици,куќи и библиотека.

Со поплави и проблеми предивкани од невремето се бори и Бугарија а штетата доправа ке се утврдува. 

Во Царево, долж бугарскиот брег на Црното море деенска е ден на жалост во спомен на жртвите од водната  катастрофа.  Засега  се потврдени две жртви а по три лица се трага. 

Во Грција лошото време во кое загинаа најмалку две лица ќе трае до чеврток. Властите испрaтија предупредување на мобилните телефони во неколу области во централна Грција, предупредувајки ги луѓето да останат дома по најавите за нови поројни дождови.