-->
-->
Надал преку Шаповалов до полуфиналето на Австралија опен
-->
– Шпанскиот тенисер Рафаел Надал избори пласман во полуфиналето на Автсралија опен, откако утрово го совлада Денис Шаповалов од Канада со 3:2.
Во меч што траеше четири часа и 10 минути, Шпанецот поведе со 2:0 (6:3 и 6:4). Со иста мера возврати Шаповалов за изедначување (6:4 и 6:3). Во одлучувачкиот петти сет, Шпанецот беше поуспешен и победи со 6:3.
Надал по 36-ти пат ќе учествува во полуфинале на еден Грен слем турнир. Повеќе полуфиналиња од него имаат Новак Ѓоковиќ (42) и Роџер Федерер (46).
На Австралија опен, 20-кратниот грен слем шампион по седми пат влезе помеѓу четворицата најдобри и прв пат по 2019 година.
Противник на Надал во полуфиналето на Грен слемот во Мелбурн ќе би де победникот од денешниот меч Гаел Монфилс – Матео Беретини.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Спорни тендери во кочански „Водовод“
-

Од живо од скопско Таор: Четворица приведени за убиството на 48 годишна жена
-

Сали: ВРЕДИ ќе раководи со 6 ресори по реконструкцијата
-

Пратениците одлучуваат од кога кај матичен лекар ќе се изјаснуваме за донирање на органите по смртта
-

Топлотен бран ја зафати Македонија
-

СДСМ: Загрозен е вториот пензиски столб, ВМРО-ДПМНЕ: Лагите ги повторуваат како папагали
-

80 години од почетокот на граѓанската војна во Грција
-

Уметници творат во Вевчани
