Македонија
28. јуни 2026 - 16:39
Уметници творат во Вевчани
Живописното Вевчани повторно е место на уметничко творештво, средби, културна размена и инспирација. Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“, по 17ти пат ги собра уметниците од 5 земји.
Инспирирани од природата, архитектурата и културното наследство во Вевчани уметниците ќе создаваат нови дела.
Организаторите годинава посебен акцент ставаат и на младите таленти преку проектот за млади сликари а ќе има и детска ликовна школа со цел потикнување на креативноста на најмладите.
На колонијата учествуваат уметници од Македонија, Србија, Романија, Полска и Украина, потврдувајќи го меѓународниот карактер на оваа културна манифестација, која од 2009 година претставува значаен простор за уметничко творештво.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
