Македонија
28. јуни 2026 - 16:39
80 години од почетокот на граѓанската војна во Грција
80 години од отпочнување на граѓанската војна во Грција и 78 години од масовниот егзодус на речиси 30 000 деца бегалци од Егејскиот дел на Македонија.
Наместо со достоинствено сеќавање, овој голем и болен јубилеј се одбележува пред демолиран споменик во центарот на Скопје,спомен-обележје кое по серија вандалски чинови денес е оставено со само траг од една од насликаните детски глави.
Здруженијата велат се работи за смислен обид на антимакедонски центри за бришење на колективното минато.Од собирот уште еднаш се упатува силен апел за донесување на меѓународна резолуција со која ќе се признае геноцидот врз македонскиот народ во овој период.
-->
-->
