Над 30 повредени во силното невреме што вчера го зафати Скопје

Во Универзитетската Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” помош по вчерашното невреме побарале 22 пациенти, од кои двајца се на болничко лекување, а во Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) 11 лица од кои тројца се со посериозни скршеници.
- Од 22-та пациенти во „Св. Наум Охридски“ двајца се примени на болничко лекување, другите се третирани клинички со полесни повреди. Еден пациент е веќе опериран во текот на ноќните часови, со скршеница во предел на шаката. Има уште еден пациент кој е странски државјанин, турист, а е повреден при пад на дрво, во пределот на карлицата, но не изискуваше оперативен третман, што значи се движело за консултативно лекување - изјави директорот на болницата „Св. Наум Охридски” Небојша Настов, по пуштањето во употреба на реконструираното одделение за трауматологија.
Министерот за здравство Сашо Клековски посочи дека се следат штетите на здравствените установи и оти по проценка на штетите од осигурителните компании ќе се пристапи кон обнова на кровните конструкции.
- Имаме паднати дрвја и во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, но без повредени. Во Психијатриската болница во Бардовци исто така нема повредени. Таму имаше и неколкучасовен прекин на струјата, кој е веќе отстранет. Има значителни штети и на кровната конструкција во Клиничката болница во Штип. Благодарение на брзата интервенција на градоначалникот Иван Јорданов и на директорот на болницата, штетите се веќе санирани и се работи на нивна проценка. Има штети и на кровната конструкција на ГОБ „8 Септември“. И Клиничката болницата и ГОБ „8 Септември“ се осигурани, така што осигурителните компании веќе работат на проценката на штетите и веднаш потоа ќе се реагира за да се обезбеди непречено работење на болницата, изјави Клековски.
МИА
Ново на Сител
-

Под лупа операторите на штипските гробишта
-

Дизелот поскапува за 6 денари, бензините за 3 денари за литар
-

Тема на денот со Арун Кумар Саху, амбасадор на Индија во Македонија
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
-

Повеќе од 3000 граѓани со стомачни тегоби во Гостивар побарале лекарска помош
-

Политички реакции за епидемијата на заразна болест во Гостивар
-

Пад на трошоците за живот во јули: Синдикалната минимална кошничка намалена за 156 денари
