Македонија
21. July 2026 - 12:19

Под лупа операторите на штипските гробишта

Сѐ погласни се реакциите на граѓаните поради високите суми што ги плаќаат за изработка и поставување нагробни споменици. Иако цените ги формираат приватните оператори, а Општина Штип нема законска надлежност да интервенира во нивното утврдување, од локалната самоуправа велат дека до нив постојано пристигнуваат поплаки за можни злоупотреби. Поради тоа бараат надлежните институции да ги засилат инспекциските контроли и да утврдат дали операторите работат согласно законските прописи.

- Секое плаќање мора да биде фискализирано, доколку не е немаат обврска да го плаќаат, затоа што на тој начин се врши ценовна злоупотреба на штета на граѓаните, а дополнително до надлежните институции, трудов испекторат, пазарен испекторат, УЈП и до нормално инсепкциите кои практично под локална самоуправа, заеднички да направиme контрола на работењето на операторите, затоа што имаме сериозни индиции дека се работи на штета на буџетот на граѓаните и дека имаме секојдневни ценовни злоупотреби за услугите кои ги добиваат од операторите, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Локалната самоуправа донесе одлука да мотивира што поголем број на приватни оператори и од околните градови за да се намали цената која е резултат на монопол и непазарни услови. Во меѓувреме, од ЈП „Исар“ информираат дека веќе е подготвена дигитална платформа преку која во реално време ќе се следат сите активности поврзани со работењето на операторите на градските гробишта. 

- Со оваа платофмра ќе имаме целосен увид дигитален во реално време и грѓа ните ќе можат на лице место да се информриаат и да добијат веродостојни податоци во однос на тоа колку чинат услугите кои што ги наплаќаме ние како јавно претпријатие, а колку чинат услугите кои што ним и се плаќаат од страна на оператори, кои што работат во градските гробишта, изјави Александар Арсовски, директор на ЈП „Исар“- Штип

Според Арсовски, на овој начин ќе се зајакне контролата врз операторите, ќе се намали просторот за нелојална конкуренција и ќе се обезбеди подобра заштита на граѓаните кои ги користат овие услуги.