Loading Video...
Свет
16. October 2023 - 19:57

На парламентарнире избори одржани вчера во Полска победи владејачката Партијата на правото и правдата

Марти Ахтисари, поранешен претседател на Финска и глобален посредник за мир награден со Нобеловата награда за мир во 2008 година за неговата работа за решавање на меѓународните конфликти, почина na 86 годишна возраст. Ахтисари учестуваше во решавање на војната на Косово и во конфликтите во Северна Ирска и во Индонезија. Врз основа на неговиот план од 2007 година, беше прогласена независноста на Косово.

На парлементарните избори одржани вчера во Полска победи владејачката Партијата на правото и правдата но според прелимниминарните резултати нема да биде во можност да ја формира новата полска влада. Таа чест според изборниот резултат ќе му припадне на поранешниот полски премиер и претседател на Европскиот Совет Доналд Туск чија коалиција го има мнозинството во парлементот. За составување на влада потребни се најмалку 231 пратеници во долниот дом на парламентот кој има 460 места.Опозциксите партии ветија дека ќе ги поправат односите со Брисел и ќе ги поништат реформите за кои критичарите велат дека ги поткопуваат демократските стандарди. Конечните резултати се очекуваат до вторник наутро.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ако Украина сака да започне мировни преговори со Русија, тогаш треба да го поништи указот за забрана на преговорите и да објави подготвеност за дијалог. Ние сме подогтвен иза преоговри истакна Путин. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, пак најави зајакнување на акциите на теренот и продолжување на притисокот врз руските сили во текот на есента и зимата.