Македонија
5. January 2024 - 12:19

На Охрид му недостигаат чартер летови

Балканскиот Ерусалим останува привлечна дестинација за туристите но во зимскиот период недостига воведување на чартер летови. Од ХОТАМ велат дека овој период со збогатување на понудата со зимски скијачки центри ќе се зголеми и бројот на посетители.

Од страна на гостите најголема посетеност има во Стариот дел на Охрид, манастирот Свети Наум и Заливот на коските.

Инаку изминатиот викенд градот беше преполн со гости а најави за голема посетеност има и за следниот продолжен празничен викенд за Божиќните празници резервации има и од земјава но и од нашето соседство.