На македонската страна мораториум, на албанската страна на Охридското Езеро градежна офанзива
Во период кога УНЕСКО бара мораториум на градба во заштитениот појас, со полна пареа се гради на брегот од албанска страна. Иако помина месец дена од отпочнувањето на активностите кај Тушемиште, Министерството за животна средина сеуште не е информирано што се гради додека од македонска страна се е стопирано и под будно око се следи секој чекор на кејот.
Министерството за животна средина и просторно планирање нема добиено никаква официјална информација ниту навестувања од албанската страна за било какви градежни активности што се од заеднички интерес и заштита на Охридското Езеро, стои во одговорот на министерството.
Екологистите бараат да се почитува последните препораки на УНЕСКО во кои се вели дека треба да запрат сите активности и градење на брегот на езерото.
Реакции имаше и од организацијата Охрид СОС, од каде потсетуваат дека поради ваквите и слични зафати од македонска страна, предложено е Охридскиот регион да се најде на листата на загрозено светско културно наследство.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
